КРЛЕЖ, КОКОШКИН

КРЛЕЖ, КОКОШКИН (Дерманѕссус галлинае Де Геер) – ситен паразитски инсект. Има тело долго до 1 мм. Дење се крие во кокошарниците и гулабарниците, а ноќе излегува и цица крв од домашните птици; напаѓа чес-то ластовички, а може да нападне деца и човек. Од Кокошкин крлеж отровот што го пренесува со боцкање, кокошките најчесто умираат, а кај човекот предизвикува воспаление и алергија. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *