ЛИПКОВСКА РЕКА

ЛИПКОВСКА РЕКА – притока на Кумановска Река. Настанува кај с. Гошинце со спојување на Гошинска и Брештанска Река, а низводно од левата страна ја прима Слупчанска Река. Во горниот тек има планински, а низводно до вливот (311,7 м) рамничарски карактер. Долга е 17,5 км, а сливот зафаќа површина 2 од 300 км . Во нејзиниот слив се изградени вештачките езера Липково и Глажња. Средниот протек из3 несува 1,42 м /с. Др. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *