МАЗНЕЈКОВ, Костадин

МАЗНЕЈКОВ, Костадин (Стру-мица, 1882 – пл. Смрдешник, с. Дедино, Радовишко, 11. Ⅴ 1903) – учител, револуционер, радовишки војвода. Се школувал во Струмица и во Скопје. Бил учител во с. Робово, Малешевско и во с. Добрејци, Струмичко. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Од 1901 г. станал малешевски, а потоа радовишки војвода. Загинал во судир со османлиската војска пред Илинденското востание.
ЛИТ.: М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969; М. Пандевска, Струмичкиот револуционерен округ (1893–1903),
к. 1, Скопје, 2002. Ал. Тр.

Иван Мазов -Климе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *