МАЗОВ

МАЗОВ–КЛИМЕ, Иван (Кавадарци, 7. И 1923 – Рогашка Слатина, 17. Ⅱ 1977) – еден од првите организатори на слободното новинарство во Македонија. Носител на Партизанска споменица 1941. Завршил Висока политичка школа во Белград. Главен и одговорен уредник на првиот весник на македонски јазик „Млад борец“ (22 март 1944 на планината Козјак). Долгогодишен уредник, ретувач од револуцијата во Алжир. Во шеесеттите години главен уредник на „Трудбеник“. Еден од основачите на Здружението на новинарите и на ДПМ. Автор на прозата „Додека топовите пукаат“, патописот „По трагите на Евлија Челебија“ и на четири тома театарска критика. Б. П. Ѓ.

Лилјана
Мазова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *