МАКЕДОНСКИ ГЛАС

„МАКЕДОНСКИ ГЛАС (МАКЕДОНСКИ ГЛАС). ЛА ВОЗ МАЦЕДОНИЦА“ (Буенос Аирес, Аргентина, И, авг. 1935 –Ⅳ, јан. 1939) – периодичен орган на Македонската прогресивна група во Буенос Аирес (Аргентина). Излегува на бугарски јазик под редакција на Никола Поповски и престанува поради финансиски причини, па е обновен дури во 1947 г. Во програмската статија меѓу другото се вели дека весникот „ја застапува прогресивната ориентација на македонското движење и се бори за организирањето, просветувањето и обединувањето на македонската емиграција во Аргентина во еден Сојуз што да ја поткрепи борбата на вистинската борбена организација ВМРО(Об) и истовремено да води борба против сите личности и групи што ќе се обидат да ја отклонат македонската емиграција од единствениот правилен пат преднацртан од првоапостолот на македонската револуција Гоце Делчев…“. Во чл. 1 од објавениот „Привремен устав на Македонската прогресивна група во Буенос Аирес, Аргентина“ е дефинирана целта: „… да ја помага со сите сили и средства борбата на својот поробен и распокинат народ за ослободување и обединување на Македонија во една Независна Народна Република како рамноправен член на Балканската федерација“. Весникот ги пренесува и пишувањата на в. „Македонски вести“ од Софија и статии од Д. Влахов од Москва. Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје, 1983, 513–519. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *