МИЛОШ

МИЛОШ (ⅩⅣ в.) – кефалија на Прилеп во времето на кралот Волкашин. На повелбата на кралот Волкашин, издадена во Скопје (1366), се потпишал како милосник (извршител, гарант, сведок) на кралот. Кефалијата бил највисок претставник на локалната управа во градот и во околината, поставуван од владетелот. ЛИТ.: С. Новаковиђ, Законски споменици српских држава средњега века, Београд, 1912; А. Соловјев, Одабрани споменици српског права од ⅩⅠⅠ до краја ⅩⅣ века, Београд, 1926. К. Аџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *