НЕГОТИНО

НЕГОТИНО – град во средишниот дел на РМ со 13.284 ж. Се наоѓа во Тиквешката Котлина, во непосредна близина на р. Вардар, на надморска висина од околу 150 м. Зафаќа површина од 360 ха. Има умерено-континентална клима со одредено медитеранско влијание. Просечната годишна температура на воздухот изнесува 13,6°Ц, а средното годишно количество на врнежите 477 мм. Источно од градот поминуваат меѓународниот пат Е–75 и меѓународната железничка линија СкопјеСолун. На местото на денешното Н. во античкиот период се наоѓал градот Антигона, кој го основал македонскиот крал Антигон Гонат (278–242 г. пр.н.е.). Како градска населба Н. се развило од чифлигарско место во почетокот на ⅩⅠⅩ в., кога по изградбата на патот ШтипПрилеп, станало значајна раскрсница на патиштата во долината на Вардар. Кон крајот на ХХ век Н. добило и неделен пазар, со што и официјално станало град. Демографски пораст доживува во втората половина на ⅩⅩ в. Во 1953 г. имало 2.820 ж., а во 2002

г. тој број се зголемил на 13.284 ж. Од нив 12.994 ж. биле Македонци, 117 Срби, 74 Роми и 46 Турци. Седиште на општина што зафаќа површина од 42.646 ха, има 19 населени места со 19.212 ж. Во околината има развиено лозарство, а во градот прехранбена, текстилна и електроиндустрија. Југоисточно од Н., покрај р. Вардар е термоцентралата „Неготино“. Има гимназија, историски музеј, дом на културата и здравствен дом.
ЛИТ.: Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2002, кн. Џ, ДСЗ, Скопје, 2004. Ал. Ст.

ТЦ „Неготино“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *