НЕДЕЛЕН ВЕСНИК

„НЕДЕЛЕН ВЕСНИК“ (Тетово, мај 1942 – август 1943) – илегален весник, орган на Тетовската организација на КПЈ, на македонски јазик. Бил покренат од Кузман Јосифовски-Питу при неговиот илегален престој во градот. Текстовите ги пишувале К. Јосифовски-Питу и Крсте Црвенковски, а го редактирале во куќата на Драган Спировски. Умножуван е на циклостил, на техниката на Месниот комитет во куќата на народниот херој Тодор Циповски-Мерџан. Објавени се вкупно 12 броја, од кои се зачувани само два. Содржински ги афирмира целите на НОАВМ. Во една од статиите се наведува: „Народно-партизанската борба е факт во Македонија. Она е еден од најсигурните патишта по кој ќе може нашиот вековно поробен народ да се здобие со национална слобода, независност и поарен живот во утрешните дни.“ ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 413–415; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 122. С. Мл. Коле Неделковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *