НЕОЛИТ

НЕОЛИТ (младо камено време) (6300 до 4200/4000 г. пр. н. е.) – праисториски период во Македонија, во кој егзистирале повеќе културни групи: Велушко-породинската, Анзабегово-вршничката, Малата Трнска Тумба, АнгелциЗелениково Ⅱ и др. Досега се евидентирани 200 неолитски локалитети, а нивниот број се должи на поволните природно-географски услови, кои овозможиле интензивен живот на овие прос-тори. Во Пелагонија е позната Велушко-породинската културна група, со четири културни фази. Најпознати населби се: Велушка Тумба, Тумба Породин, Голема и Мала Тумба (с. Трн), Тумба Карамани, Врбјанска Чука, Чука Тополчани, Висок Рид и др. Главни обележја на групата се населбите-тумби, со куќи со четириаголни основи, изградени од дрво и од кал, со сламени покриви, на две води. Карактеристична е луксузната црвена керамика (чинии, амфори, капаци) со бели насликани орнаменти (полумесечини, сигми, искршени агли, точки и др.). Грубата керамика е украсена со барботин налепци. Во неолитот се негувал култот на Големата Мајка, што се рефлектира и во антропоморфната пластика (претстави на жена, шематизиран човечки лик–маска на цилиндри и др.), а од зооморфната пластика се карактеристични претставите на бик, желка, елен, козорог и др. Од Пелагонија неолитизацијата се шири на север и го зафаќа Горновар-Антропоморфна претстава Антропоморфна претстава, Култна масичка, с. Говрлево Керамички идол, с. Зелениково на керамички сад, с. Дамјан Тумба, с. Маџари дарскиот регион, Овче Поле, Брегалница и долината на Средна Струма. Тука се формирала Анзабегово-вршничката културна група, со четири интерни фази од ран до доцен неолит. Познати локалитети се: Барутница (с. Анзабегово), Вршник (с. Таринци), Тумба Маџари, Слатина (с. Зелениково), Церје (с. Говрлево), Тумба (с. Стенче), Дамјан, Извор (с. Чашка) и др. Карактеристика на најстарата фаза на оваа група е бело сликаната керамика (мали чинии на плитки нозе и тиквести садови). Во средниот неолит керамиката (најчесто амфори, пехари и др.) се слика со кафеава боја. Грубата керамика се состои од грнци, питоси и чинии со различна големина, често украсувани со барботин. Доминира култот на Големата Мајка (Тумба Маџари и Говрлево), а е откриена и разновидна антропоморфна и зооморфна култна пластика. Керамиката во доцниот неолит е добро измазнета, има висок црн сјај, а чес-то е канелирана. Во раните фази, неолитот во Македонија има културни и хронолошки врски со сескло–културата во Тесалија, во средниот неолит со старчевачката култура, а во доцниот со винчанската и со другите културни групи. ЛИТ.: М. Гарасанин, Анзабегово-врсничка културна група. Велушко-породинска културна група, Праисторија Југославије, 2, Сарајево, 1979, 79–114; В. Санев, Неолитот и неолитските култури во Македонија, Историја на културата на Македонија, 2, Скопје, 1995, 21–46; Д. Здравковски, Нењ аспецтс оф тхе Анзабегово-Врсник цултурал гроуп, Меланге то Милутин Гарасанин, Београд, 2006, 99–110. Д. З.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *