ПАВЛОВСКИ, Јован

ПАВЛОВСКИ, Јован (Тетово, 10. Ⅸ 1937) – публицист, романсиер, раскажувач, поет. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил новинар во Радио Скопје и во „Нова Македонија“ и нејзин дописник од Париз и Москва. Сега е главен и одговорен уредник на месечните списанија „Македонско време“ и „Тхе Мацедониа тимес“. Во три мандати претседател на ДПМ. Уредник на првата „МИ-АНОВА енциклопедија општа и македонска“ (2006). БИБ.: Август, поезија, Ск., 1962; Медеја, поезија, Ск., 1969; Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, роман, Ск., 1972; Бев со нив, публицистика, Ск., 1977; Тито во Македонија, публицистика, Ск., 1978; Од другата страна на границата, публицистика, Ск., 1979; Судењата како последен пораз, публицистика, Ск., 1986; Сок од простата (коавтор Ангел Биков) роман, Ск., 1991; Македонија вчера и денес, (коавтор Мишел Павлов-ски), публицистика, Ск., 1997; Личности од Македонија. Енциклопедиски именик (коавтор со П. Карајанов и Хр. Андоновски), Скопје, 2002; Семејни иверки, проза, Ск., 2003; 100 Македонски години 1903-2003. Редактор Јован Павловски, Скопје, 2004. ЛИТ.: Тодор Чаловски: Оксидирања во „Прочит“, штрк, 2002. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *