ПЛАКЕНСКА ПЛАНИНА

ПЛАКЕНСКА ПЛАНИНА (ПРОСТРАНСКА ПЛАНИНА)
– средновисока планина со динар-ски правец на протегање сз–ји. Највисок врв е Плаке (1.999 м), по којшто некои ја нарекуваат Плакенска Планина, а висок е и врвот Коњарник (1.919 м). Во ис-точното подножје се наоѓа с. Простране по што се нарекува и Пространска Планина. Се протега помеѓу долината на Боишка

Плакенска Планина
Река и Демир Хисар на исток и котлината Дебарца на запад. Спрема југ билото на Плакенската Планина продолжува во Бигла Планина. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовници. Спрема запад течат Голема и Коселска Река, а спрема исток Пространска, Вировска Река и Големача, притока на Боишка Река. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта. Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *