ПЛАЧКОВИЦА

ПЛАЧКОВИЦА – средновисока планина со највисок врв Лисец
(1.754 м). Се издига помеѓу Струмичко-радовишката Котлина на југ и Кочанската Котлина на север. Правецот на протегање е и–ји спрема с–сз. Орографската должина на главниот планински гребен изнесува 34 км. Во средишниот дел долината на Зрновска Река го дели главното било на два дела. Во овој дел Зрновска Река е изградена од старо флувиоденудационо плато широко 5 км. Западниот дел е повисок со највисок врв Туртел (1.689 м), а источниот дел на Плачковица е познат под име Каменица со истоимениот врв Каменица (1.356 м). Геолошкиот состав го прават гранити, кристалести шкрилци и гнајсе
ви. По планинските страни течат поголем број речни текови што располагаат со голема механичка сила, па во подножјето изградиле типични наноси. Побогата со речни текови е северната падина, а на една од нив – Зрновска Река е изградена мала хидроцентрала. Западните и југозападните падини се голи и развиена е ерозија на почвата, додека другите делови се под шума.
ЛИТ.: Манаковиќ Д., Андоновски Т., Рел
јефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979. Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *