ПОБЕДА

„ПОБЕДА“ (Скопје, 1945) – фудбалски клуб. Како победник на првото Републичко првенство од шест клуба (1946), станал член на Првата сојузна лига. Поради намалувањето на лигата од 14 на 10 клуба (1947), „Победа“ испаднала од неа, и покрај освоеното осмо место. Играчите што најчесто настапувале биле: Борис Ивановски (Гојко Поповиќ, Васил Дилев и Душко Христовски – голмани), Гале Герасимовски, Крсто Георгиевски, Микле Мартиновски, Кипро Кипровски, Јоска Тодоровски, Менсур Бајрам, Ѓорѓи Цинциевски, Анте Андоновски, Драган Георгиевски, Тодор Балевски и Христо Христовски. Фудбалерите на поранешната „Победа“ пред фузијата со „Македонија“ Тренери биле: Благоја Павловски и Цаки Симоновски. ЛИТ.: Панговски, Ивко: Скопски фудбалски незаборав, 1903–1993. Скопје, 1994. Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *