ПОЛЖАВИ

ПОЛЖАВИ (Гастропада) – мекотели организми со тело составено од глава, труп и стапало, сместени во черупка. Кај некои видови черупката отсуствува. Черупката кај разни видови е со различен облик (висока, кратка, вретеновидна или цилиндрична). Отворот на черупката кај Полжав (Охридопѕргула мацедоница) некои видови се затвора со капаче (оперкулум). Се среќаваат на копно и во вода. Се хранат главно со растенија, а мал број се грабливи. Во Македонија полжавите се застапени со 267 таксони, од кои, ендемични се 97; се разликуваат акватични и терестрични организми. Акватичната гастроподна фауна е застапена со 102 таксона, од кои, ендемични се 76 (71 вид и 5 подвидови). Во Охридско Езеро се присутни 58 видови, од кои поголемиот број се ендемични, 52 вида. Терестричната гастроподна фауна не е целосно истражена, но покажува големо богатство; утврдени се 165 видови од кои 21 се ендемични. Полжавите служат и за исхрана на многу животни и на човекот. ЛИТ.: А. Гроссу, Фüнф ноуе арте дер Гатунг Дероцерас дерБалканхалбинсел ин дер Саммлунг дес Натурхисторисцхен Мусеум ин Њиен (Гастропода, Лимацидае), Анн. Натурхист. Мус., Њиен, 1972, 76: 639–648; Славе Хадзисце, Прилог познаванју Гастропода Преспанског и Охридског језера. Пер. Биол. Југославиае, Загреб, 1953, Сер. АИИ/8, 7: 174–177; Славе Хадзисце, Прилог познаванју Гастропода Преспанског Језера, Зб. на раб., Хидробиол. Зав., Охрид, 1958, 6(17): 1–6; Славе Хадзисце, Прилог познаванју Гастропода Преспанског Језера, Зб. на раб., Хидробиол. Зав., Охрид, 1958, 6(17): 1–4; Адолф Ридел, Üбер дие македонисцхен Гѕралина Артен (Гастропода, Зонтидае), Фрагм. Балцан. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1984, 12: 31–43; Љубинка Снегарова, Гастроподна фауна на Охридското Езеро, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1954, 16(6): 55–64; Андрзеј Њиктор, Ендемисам оф слугс њитхин тхе Балкан Пенинсула анд адјацент исландс (Гастропода: Пулмоната; Арионидае; Милацидае; Лимацидае, Агриолимацидае). Генус, Њроцлањ, 1997, 8(1): 205–221. В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *