ПРАВО

„ПРАВО“ (Солун, 18. Ⅸ 1910 – 7. Ⅴ 1913) – дневен политичкоопштествен весник, орган на Сојузот на бугарските конституциони клубови. Го уредувале Димитар Влахов, К. Димитров, Т. А Каев (одговорен уредник), Никола Наумов (сопственик и главен уредник), П. Томов, Димо Хаџидимов и др. Бил печатен во печатницата на Јордан Јарцев. Објавени се вкупно 721 број. Престанал да излегува поради забрана од властите. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 242–244; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 96. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *