ПРИЗРЕНСКА ЛИГА

ПРИЗРЕНСКА ЛИГА (И. 1878 – 1881; Ⅱ. 1943 – 1944) – албанска национална политичка организација. Првата призренска лига била формирана на собрание во Призрен на 10. Ⅵ 1878 г., на кое била усвоена политичка програма за создавање „Голема Албанија“. Во проектираната држава требало да влезат: Албанија, Епир, делови од Македонија (со Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово), Косовско-метохиската област (со Пеќ, Ѓаковица, Призрен, Митровица, Приштина, Гњилане) и Прешево, Нови Пазар и Сјеница. Втората призренска лига била формирана на собранието одржано од 16. до 19. Ⅸ 1943 г. со истата програма. Лигата имала ограноци во сите околии на Косово и Метохија, во Западна Македонија и во еден дел на Црна Гора. Дејствувала на политички, воен, пропаганден и културен план. Содејствувала со тогашната квислиншка албанска власт и со Германија до нејзиното разбивање во ноември 1944 г. ЛИТ: Бранислав Божовиђ – Милорад Вакиђ, Сурова времена на Косову и Метохији, Београд, 1991; Д-р –орÑе Борозан, Велика Албанија (поријекло–идеје–пракса), Београд, 1995. Ѓ. Малк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *