ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ –

ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТСКОПЈЕ – се состои од 7 институти (за математика, физика, хемија, биологија, географија, информатика и етнологија) и Сеизмолошка опсерваторија. Тој е формиран како дел на Филозофскиот факултет во 1946 г. со пет катедри за основните природни науки. Како одделен факултет постои од 1958 г., со исклучок на периодот 1977–85, кога егзистираат 5 одделни факултети за фундаменталните природни науки. Сместен е во објекти изградени во 1951, 1967 и во 2000 г. Постдипломски студии се организираат од 1969 г. До 2006 г. дипломирале над осум илјади студенти и магистрирале 400 постдипломци. Основното постигнување на ПМФ е во подигнувањето на општата писменост на населението на РМ, во создавањето кадри за следење на современите постигнувања во природните науки и во давањето придонес во светската ризница на знаењата од овие области. Во учебната 2005/6 г. се застапени студии во вкупно 23 насоки, со дополнителни 12 поднасоки, за кои се нудат околу 500 семестрални курсови. За постигнатите резултати, ПМФ е носител на наградата „11 Октомври“ за 1976 и 2006 г. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 634. В. Ур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *