ПРОСВЕТА

ПРОСВЕТА – заедничко име за институции, форми, содржини и активности, чија цел е подигање на образованието и на општокултурното ниво на возрасното население. Просветата најчесто се врзува за формите на образованието на возрасните, како и за фор-мите на културно-уметничките дејности, наменети за широките народни слоеви. Во Македонија особено интензивна активност на тој план се пројавува по Ослободувањето, добивајќи карактер на масовно народно просветување. Најчести форми и институции на народното просветување се: анал-

Зградата на Градската библиотека во Битола
фабетските курсеви (в. неписменост), народните библиотеки и читални, вечерните и неделните училишта, домовите на културата, (в.) народните и работничките универзитети и сл. Народно просветување се спроведувало и преку разни културно-просветни, научни, уметнички и спортски друштва, клубови и здруженија. Први организирани форми за народно просветување во Македонија се јавуваат во ⅩⅠⅩ в., во вид на читалишта и неделни училишта за описменување и за занаетчиско образование. Се смета дека првото читалиште, во чии рамки била организирана и неделна школа за описменување, било отворено во Прилеп во шеесеттите години на ⅩⅠⅩ в. Учителските здруженија, исто така, имале значајна улога во ширењето на просветата. Меѓу двете светски војни, најактивни просветни институции биле народните универзитети. Мрежата на народните библиотеки била слабо развиена и тоа со строго контролиран книжен фонд од Министерството за просвета. Најпозната и најголема библиотека била Универзитетската библиотека при Филозофскиот факултет во Скопје, основана во 1922 г. По Ослободувањето на народните библиотеки им се посветува посебно внимание, така што нивниот број од година во година постојано се зголемувал. Во 1960
г. работеле 182 народни библиотеки, од кои 96 имале и свои читални. Во овој период на народното просветување посебно работат народните и работничките универзитети (в. Образование на возрасните).
ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универ
зитет, Скопје, 1994; Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија, Скопје, 2002. К. Камб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *