РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ“ – ракометен клуб во Скопје. Екипа во „големиот“ ракомет, првак на Македово Првата сојузна лига (1950/51). Репрезентативци на Југославија: Славко Матовски и Драган Геровски. Екипа на „малиот“ ракомет е создадена подоцна (1952). За првенството на Југославија сениорите се натпреварувале во десет, а младинците во четири сезони. Најголем успех е освоеното трето место (1956) и играњето во финале за Купот на Југославија (1960), а кај младинците четвртото место (1977). За репрезентацијата на Југославија настапувале: Зафир Куновски, Теофил Томановиќ, Александар Милиновиќ и Никола Матовски, а од младинците: Ламбро Пејов, Славе Атанасовски и Владо Гоцевски. ЛИТ.: Славко Матовски, Ракометен клуб Работнички, Скопје, 1948–1998, 1952–2002, Спортски подвизи и традиција. Скопје, 2002. Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *