РЕСЕН

РЕСЕН – град во југозападниот дел на РМ со 8.748 ж. (2002 г.). Лежи во северниот дел на Преспанската Котлина, од двете страни на Голема Река, на надморска височина од околу 880 м. Зафаќа површина од 402 ха. Низ Ресен поминува магистралниот пат М–5, кој на запад го поврзува со Охрид, а на исток со Битола. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 9,6°Ц и просечна годишна количина на врнежи од 717 мм. Градот е настанат од патна станица на римскиот пат Виа Игнација, позната под името Скитријана. Првпат се спомнува во 1337 г. во една повелба на цар Душан. Како градска населба Р. е формиран во текот на ⅩⅠⅩ в. Денес е општина што зафаќа површина од 55.077 ха, има 44 населени места со 16.825 ж. Претставува административен и стопански центар на целата Преспанска Котлина. Населението – главно Македонци (6431), а од малцинствата најмногу се Турците (1369), па Албанците (325) и Ромите (169). Вработеноста е најголема во овоштарството, и тоа во одгледувањето на јаболка, потоа во прехранбената и текстилната индустрија и во фабриката за грејни тела. Од 1971 г. секоја година традиционално се одржува Ресенската керамичка колонија. Во градот има гимназија и здравствен дом, а највпечатлив објект е Сарајот, изграден во почетокот на ⅩⅩ в.
1998; „Годишен преглед“, Управа за хид-
Ресен
рометеоролошки работи, 2005. М. З.
ЛИТ.: –. Киселинови¢, Ресен, „Гласник географског друштва“, св ⅩⅠⅠ, Београд, 1926;
Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002, кн. Џ, ДСЗ, Скопје, 2004. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *