РЕФОРМИ

„РЕФОРМИ“ (Софија, 9. И 1899 – 19. Ⅺ 1903) – орган на Врховниот македонско-одрински комитет. Го уредувал Д. Љапов, а потоа и Георги Влахов, Ил. Гологанов, Владислав Ковачев, Антон Страшимиров, Никола Харлаков и Коста шахов. Излегувал секоја сабота. Ги застапувал главно интересите на бугарскиот двор. Посебно се значајни прилозите од дописниците од Македонија во времето на Илинденското востание. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 182–185; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 100–101. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *