РИЛСКИ ОПШТ КОНГРЕС НА ТМОРО

РИЛСКИ ОПШТ КОНГРЕС НА ТМОРО (Рилски манастир, октомври 1905) – Еден од најзначајните конгреси на МРО. на него учествувале 21 делегат (Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Борис Сарафов, Христо Чернопеев и др.). Била направена анализа на целокупната дејност на Организацијата и била усвоена Програмска декларација за натамошното дејствување. Биле усвоени нов Устав и Правилник за работата и избрани нови раководни тела: Централен комитет и Задгранично претставништво, како и редактор на официјалниот орган на Организацијата „РеволÓционен лист“. Целта на револуционерното дејствување била определена во чл. 1 на Уставот: „Извојување политичка автономија на Македонија и на Одринско“. Бил отфрлен квалификативот „тајна“ и Организацијата се именувала Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Била потврдена позицијата за самостојност и независност на Организацијата, осудени претензиите на соседните балкански држави и потврдена решеноста за пресметка (со сите сили и средства) со пропагандните институции и вооружени чети уфрлувани во Македонија. ЛИТ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 1. Скопје, 1981. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *