РОМАН

РОМАН (Џ–Ⅺ в.) – командант на Скопје во времето на Самуил. По Самуиловиот пораз од Василиј Ⅱ на р. Вардар кај Скопје (1003/1004), Роман му ги предал клучевите од градот на византискиот цар, кој го примил благонаклоно и му доделил титула патрициј и служба управник на Абидос. ЛИТ.: С. Антољак, Самуиловата држава, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1986. Б. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *