САМОКОВ

САМОКОВ – село во Порече. Се наоѓа во долината на реката Цр-нешница, лева притока на р. Треска, на надморска височина од околу 600 м. Со Македонски Брод е поврзано со современ асфалтен пат. Во минатото било рударски центар, со топилница за железна руда, по која го носи и името. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број е во незначителен пораст. Во 1961
г.
во него живееле 270 ж. а во 2002

г.
388 ж. До 2004 г. С. било центар на општина, во која влегувале 26 села од Поречјето. Сега е во состав на Општината Македонски Брод. Населението се занимава со сточарство и со шумарство, а еден дел се вработени во фабриката за експлозивни материјали, изградена во јужниот крај на селото. Во С. има осумгодишно училиште, здравствена и полициска станица. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *