САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО

САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО
(969–1018) – средновековна македонска држава, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Ја основале (969) четворицата браќа, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синови на комесот Никола. Тие ја искористиле тешката ситуација во Бугарија, која била нападната и освоена од киевскиот кнез Свјатослав (968/9), ја отфрлиле бугарската власт и се осамостоиле во Југозападна Македонија, поставувајќи ги темелите на македонската држава, позната како Самуилово Царство (969). Јадрото на државата го сочинувале Охридско-преспанската област и Пелагонија, престолнина била Преспа, подоцна Охрид, а за престолнини се сметале и Битола и Сетина, каде што македонските цареви имале свои дворци. Во почетокот браќата владееле заеднички (тетрархија) и ја признавале врховната византиска власт. По смртта на ца-рот Јован И Цимиски (969–976), кренале востание, ја отфрлиле византиската власт и започнале да владеат самостојно (976). Во борбите со Византија успеале да ги прошират териториите на државата. По загинувањето на Давид и Мојсеј, останале да владеат Арон и Самуил (диархија). Голем

дислав, вестарх. Направил кариера

Самуиловата средновековна држава (крајот на Х & 1018 година)
успех претставувало освојувањето на Лариса (985), најголемиот град на Тесалија, од каде што биле пренесени во Преспа моштите на св. Ахил. Византискиот цар Василиј Ⅱ (976–1025) се обидел да го запре ширењето на Самуиловата Држава. Во битката кај Трајанова Врата (ден. Ихтиман кај Софија) Василиј Ⅱ претрпел катастрофален пораз
(986) и биле освоени Источна и Североисточна Бугарија, а границите на македонската држава биле проширени до делтата на Дунав. Набргу по битката дошло до раздор помеѓу браќата. По наредба на Самуил, Арон бил ликвидиран заедно со целата своја фамилија. Се спасил единствено неговиот син Јован Владислав, благодарение на залагањето на Гаврил Радомир, синот на Самуил. Самуил продолжил да ги шири границите на државата. Го освоил градот Бер (989), ги опустошил Тесалија, Беотија, Атика и Пелопонез. На враќање, Византијците, предводени од магистерот Никифор Уран, го пречекале кај реката Сперхеј (близу до Термопилите) и му нанеле тежок пораз (996). Самуил бил ранет во битката, го спасил син му Гаврил Радомир, со чија помош се вратил во Македонија. Потоа, Самуил презел поход на запад, кон Јадранското Море. Ја освоил Дукља, ги запалил Котор и Дубровник, ја опустошил Далмација и пљачкајќи стигнал до Задар. Оттаму, преку Босна и Србија, кои ја признале неговата власт, се вратил во Македонија. По успешниот поход на запад, Самуил се прогласил за цар (ок. 997), а државата ја издигнал во ранг на царство. Круната ја добил од папата, а крунисувањето го извршиле свештеници од Рим. За да $ даде легитимитет на новата држава, Самуил ги прифатил државно-правните традиции на урнатото (971) Бугарско Царство, прогласувајќи се, формално-правно, за наследник на бугарските цареви. Оттаму, неговата држава во изворите најчесто се именува како Бугарско Царство. Во почетокот на Ⅺ в. Византијците ги освоиле Преслав и Плиска (1000), Бер, Сервија и Воден (1001), Видин (1002), Скопје (1004) и Драч (1005). Во решавачката битка кај Беласица (1014) Самуил бил поразен, а истата година и починал во Преспа. По неговата смрт, државата започнала бргу да опаѓа. Неговите наследници, Гаврил Радомир (1014–1015) и Јован Владислав (1015–1018) загубиле голем дел од териториите. Византија ги освоила Прилеп и областа Раец (1014), Мегленската област (1015), тврдините Лонгон, Босоград и Сетина (1017) и др. По загинувањето на Јо-ван Владислав во борбите околу Драч (1018) и предавањето на царицата Марија во Охрид со највисоките благородници, Царството престанало да постои.
ЛИТ.: Б. Прокиђ, Постанак једне словенске царевине у Мађедонији у Ⅹ веку, „ГЛАС САН“ 76 (1908); С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969; С. Пириватриђ, Самуилова држава, Београд, 1997. К. Аџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *