СЕР

СЕРСКА ДЕКЛАРАЦИЈА (октомври 1918) – декларација за решавање на македонското прашање. По капитулацијата на Бугарија во Првата светска војна се активирале македонските револуционери од поранешната единствена Македонска револуционерна организација за актуелизирање на македонското прашање. Револуционерите од Серскиот револуционерен округ објавиле Декларација за решавање на македонското прашање со која барале обединување на Македонија со центар во Солун и нејзино конституирање како самостојна држава со демократско уредување како швајцарија. ЛИТ.: Александар Христов и Михајло Миноски, Идејата за федерација во македонското националноослободително движење и неговите програмски основи (18931935), Зборник на документи, Скопје, 1994. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *