СИЛНИ

„СИЛНИ“ (Скопје, 1910) – соколско гимнастичко друштво. Прв претседател бил Глигорие Елезовиќ, а начелник Рајко Караклаиќ. Членовите во униформи (неколку стотици, претежно ученици) се занимавале со прости, строеви и вежби со подвижни справи и со некои спортски и културно-уметнички активности. Повремено приредувале јавни настапи во Скопје и во околните села, како и во Куманово и во Тетово. Учествувале на слетовите во Грачаница (1910) и во манастирот Девич на Косово (1911), како и на сесловенските соколски слетови во Белград (1910), Загреб (1911) и Прага (1912). Г. Елезовиќ бил делегиран во раководството на Сојузот на сесловенското соколство во Прага. ИЗВ.: Душан Станимировиќ, Соколство у Вардарској Македонији, настанак и развој. Загреб, 1986 (докторска дисертација). Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *