СОБРАНИЕ НА РМ

СОБРАНИЕ НА РМ – претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во РМ. Составено е од 120 пратеници, избрани на општи и непосредни избори со тајно гласање, за мандатен период од четири години. Првото Собрание на РМ е формирано во декември 1990 г., врз мнозинскиот принцип, по спроведените парламентарни избори во два круга (11. и 25. Ⅺ 1990). Вториот состав на Собранието на РМ е формиран врз мнозинскиот принцип во ноември 1994 г., по парламентарните избори од 14 и 24. Ⅹ 1994 г. Третиот состав на Собранието на РМ е формиран во ноември 1998 г., по парламентарните избори во два круга (18. Ⅹ и 1. Ⅺ 1998). Собра

Конститутивната седница на Собранието на РМ (8. И 1991)
нието беше составено од 85 пратеници, избрани врз мнозинскиот принцип, и 35 пратеници избрани врз пропорционалниот принцип. Четвртиот состав на Собранието на РМ е формиран во октомври 2002 г., врз пропорционалниот принцип, по парламентарните избори од 15 Ⅸ 2002 г. Петтиот состав на Собранието на РМ е формиран врз пропорционалниот принцип, во јули 2006 г., по спроведените парламентарни избори на 9. Ⅶ 2006 г. шестиот состав на Собранието е формиран врз пропорционалниот принцио по предвремените парламентарни избори од 2008 г. Претседатели на Собранието на РМ: Стојан Андов (1991– 1996; 2000–2002); Тито Петковски (1996–1998); Саво Климовски (1998–2000); Никола Поповски (2002–2003); Љупчо Јордановски (2003–2006); Љубиша Георгиевски (2006–2008); Трајко Велјановски (2008–)
ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2000; Македонија од АСНОМ до денес, Скопје, 2005. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *