СОЛУН

СОЛУН (Тесалоники) – град во Егејскиот дел на Македонија (РГР), со 407.900 ж. (2002). Се простира покрај северниот брег на Солунскиот Залив и на западните падини на пл. Хортач. Најдобра копнена врска кон север одржува по долината на р. Вардар, кон запад по долината на р. Бистрица, а преку пл. Хортач со источниот дел на Егејскиот дел на Македонија. С. е еден од најголемите и најзначајните древномакедонски градови. Го основал македонскиот војсководец, подоцна крал, Касандар во 315 г. пр. н.е. Новиот град го нарекол по името на својата сопруга Тесалоники, сестра на Александар Македонски. Брз развиток градот доживува во времето на Римјаните и во И в. важел за еден од најголемите градови на Балканот. Во Ⅳ в. израснува во втор по големина византиски град (по Цариград), а од крајот на Ⅵ в. е изложен на постојани напади од Словените и од Аварите. Меѓутоа, градот ги издржал сите опсади и останал единствено византиско упориште во овој дел на Балканскиот Полуостров. Сепак, под влијание на словенската околина, С. постепено се словенизирал и во Ⅸ в., според Панонското житие на Методиј, „сите Солунчани зборуваат чисто Црквата „Св. Димитрија“ во Солун словенски“. Со извесни прекини, градот се развивал во рамките на Византиската Империја с“ до 1430 г., кога потпаѓа под турска власт. Од 1912 г. претставува составен дел на грчката држава. Грците преземаат засилена денационализација на словенското население, особено нагласена во 1923 г. со населувањето на голем број грчки колонисти од Мала Азија. Така, во 1928 г. С. имал 236.524 ж. од кои, 117.031 ж. биле колонисти. Популациски градот многу е зголемен по Граѓанската војна во Грција, кога во него се доселуваат бројни жители од сите делови на Северна Грција. Денес е втор град по големина во Грција (по Атина) и претставува најразвиен индустриски, културно-просветен и сообраќаен центар, со најголемо пристаниште во Егејскиот дел на Македонија. Од 1923 до 1973 г. Југославија имала слободна трговска зона од 94.000 м 2, која за македонската надворешна трговија имала нагласено значење. И денес ова големо прекуокеанско пристаниште, од каде што води нафтовод до Скопје, за македон-Панорама на денешен Солун ското стопанство има исклучителна важност. С. е универзитетски град и има голем број културно-историски споменици како црквите „Св. Димитрија“ (заштитник на градот), „Св. Софија“, „Св. Дванаест Апостоли“, потоа Солунската тврдина, Археолошкиот музеј и др. ЛИТ.: Тодор Симовски,Населени места во Егејска Македонија, кн. И, Скопје 1978. А. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *