СТРУМИЧКА

СТРУМИЧКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1944). Под тоа име постои од 1958 до 1982, кога е преименувана во Злетовско-струмичка епархија. Во 1982 г. била присоединета кон новосоздадената Повардарско-струмичка епархија, со седиште во Велес. Од 1989 г. била одделена пак како Струмичка епархија. Таа година во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица бил интронизиран митрополитот Горазд за Струмички епископ. Во август 1995 г. за Струмички бил избран митрополитот Наум. Епархијата ги опфаќа Струмица, Дојран, Берово и Пехчево. Монашки заедници има во повеќе манастири. Струмичката епархија стана расадник на возобновеното монаштво во МПЦ. Има 80 храмови и 15 манастири, со над 30 свештеници и 30 монаси и монахињи. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр. Страница од Струмичкиот (македонски) апостол (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *