СТУДЕНИЧАНИ

СТУДЕНИЧАНИ – село во Скопско. Се наоѓа на преодот помеѓу северните падини на планината Китка и Скопско Поле, на надморска височина од околу 300
м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има
5.786 ж. од кои 5.585 се Албанци и 160 Македонци. Главни култури со кои се занимава населението се одгледувањето тутун и бостан. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 27.616 ха, со 19 населени места, во кои живеат
17.246 ж. Во Студеничани постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *