ТОПАЛОВСКИ

ТОПАЛОВСКИ–АВРАМ, Илија (Битола, ? 1922 – Белград, 28. Ⅳ 1999) – револуционер-комунист, учесник во НОБ на Македонија (1941–1945), дипломат. Како младинец бил припадик на комунистичкото движење. По окупацијата на Македонија во 1941 г. се вклучил во ослободителната борба. Во 1942 г., поради илегална комунистичка и антифашистичка дејност, во Битола бил осуден во отсуство. Илегално дејствувал на територијата под власт на Италија, каде што се вклучил во единиците на НОБ. Бил политички комесар на чета, вршел политички функции во Прватамакедонско-косовска НО бригада. Бил делегат на АСНОМ. По Ослободувањето целиот работен век го поминал на служба во југословенската дипломатија.
ИЗВ.: Извори за ослободителната војна и Револуцијата во Македонија 1941–1945,
т. И, кн. 2, Скопје, 1968, кн. 5, 1975; Б. Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, Ⅱ, Скопје, 1980, 301–302. Н. В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *