ТУМБА

ТУМБА (с. Караман, Битолско) – праисториска населба. Се наоѓа на 1,5 км источно од селото, покрај брегот на р. Драгор. Висока е 6 м, кружна во основата со пречник од 250 м и е една од најголемите тумби во Пелагонија. Делумно е оштетена со ровови од Првата светска војна. Со сондажното ископување во 1974 г. биле откриени остатоци од населба во чиј културен слој можело да се разграничат четири урбани хоризонти на живеење. Првите два се од постариот неолит на Велушкопородинската културна група (И–Ⅱ), третиот од енеолитот додека последниот од ранобронзеното време. Наодите се сопственост на Заводот и Музеј Битола. ЛИТ.: Д. Симоска, Б. Китаноски, Ј. Тодоровиќ, Праисториска населба Тумба во с. Карамани, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 3, Прилеп, 1977, 9–23. В. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *