ТУРБЕ

ТУРБЕ – исламски надгробен споменик, мавзолеј. Турбињата се градат покрај џамии и на гробишта. Најчеста форма им е квадратна и полигонална, од затворен и од отворен тип со купола. Градени се од камен и од тули, а се среќаваат и обложени со мермер. Позначајни турбиња се на Мустафа-паша, турбето во дворот на Алаџа џамија, на Али-паша од Дегастан, на Бејхан султан – двете во дворот на султан Муратовата џамија, како и остатоци од турбето на АШИК Челеби (Гази Баба), сите во Скопје, турбето во дворот на шарена џамија во Тетово, Турбето на Синан Челеби во Охрид.
ЛИТ.: К. Томовски, Преглед на позначајните турбиња во Македонија. Зборник на Техничкиот факултет, 1957/58 година, Скопје, 1957, 95-111; Л. Богојевиќ-Кумбараџи, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *