ЦИЦАЧИ

ЦИЦАЧИ (Маммалиа) – класа топлокрвни животни од поттипот ’рбетници (Вертебрата), чиј основен белег е присуството на млечни жлезди (од 2 до 12) и крзнена покривка, која секундарно може да биде редуцирана кај некои видови, како што се китовите, кои се целосно без влакна. Кожата е богата со жлезди, кои имаат различна функција. Системот за дигестија е сложено граден, а белите дробови имаат алвеоларна градба, со што нивната респираторна површина е значително зголемена. Централниот нервен систем достигнал највисок степен на развиток, а добро се развиени и сетилните органи за мирис, вид, слух и рамнотежа. Тие Цицачи: зајак, лилјак, волк и глушец тутот за лингвистика и литератудонските речници, зб.: Научна дискусија се разделнополови животни што раѓаат живи млади (со исклучок на працицачите). Благодарение на способноста за регулирање на телесната температура, успеале да ги населат сите животни средини на земјата. Денес класата цицачи брои околу 4.000 видови распределени во 3 поткласи: працицачи или јајценосни цицачи (Монотремата), најпримитивни современи цицачи претставени со само 5 вида, ограничени на австралискиот континент; претцицачи или торбари (Марсупиалиа), претставени со вкупно 200 вида, распространети во Австралија и Јужна Америка и поткласата на вистински или плацентални цицачи (Плаценталиа), која опфаќа 17 редови и тоа: инсектојадни цицачи (Инсецтивора), кожокрилни (Дермоптера), лилјаци (Цхироптера), неполнозаби (Едентата), панголини (Пхолидота), зајакообразни цицачи (Лагоморпха), глодари (Родентиа), китови (Цетацеа), ѕверови (Царнивора), перконожни (Пиннипедиа), цевкозаби (Тубулидентата), слонови (Пробосцидае), пештерници (Хѕрацоидеа), сирени (Сирениа), непарнокопитни (Периссодацтѕла), парнокопитни (Артиодацтѕла) и примати (Приматес). Во Македонија се регистрирани вкупно 82 вида од следниве 6 реда плацентални цицачи: инсектојадни цицачи (11 вида), лилјаци (24), зајакообразни цицачи (2), глодари (26), ѕверови (13) и парнокопитни цицачи (6). ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; Б. Крѕстуфек, В. Вохралик, Ј. Флоусек, С. Петковски, Батс (Маммалиа: Цхироптера) оф Мацедониа, Ѕугославиа, во: И. Хорацек, В. Вохралик (едс.), Прагуе Студиес ин Маммалогѕ, Праха, 1992, 93–111; Б. Крѕстуфек –С. Петковски, Аннотатед Цхецклист оф тхе Маммалс оф тхе Републиц оф Мацедониа, „Боннер зоологисцхе Беитраге“, 51 (4), Бонн, 2002, 229–254; Б. Крѕстуфек – С. Петковски, Маммалс оф Мацедониа -Цуррент Стате оф Кноњледге, Аннив. Процеед., Еигхтѕ ѕеарс оф ацхиевемент бѕ тхе Мацед. Мус. оф Нат. Хѕст., Скопје, 2006, 95–104; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В. Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас оф Еуропеан Маммалс, Лондон–Сан Диего, 1999. Св. П. – В. Сид. Ѓоре Цонев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *