ЧУДАТА НА СВ

ЧУДАТА НА СВ. ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ – хагиографски состав за великомаченикот и чудотворец со опис на словенските опсади на Солун кон крајот на Ⅵ и во Ⅶ в. Светиот великомаченик бил прогласен за заштитник на

Икона „Св. Димитриј“, Враниште (ⅩⅤⅠ в.)
градот. Вториот дел од светителовото житие, познато како „Чудата на св. Димитриј Солунски“, го напишале солунскиот епископ Јоан (610–649) и неговите следбеници. Делото имало повеќе обработки. Како историски извор најважни се најстарите две текстуални варијанти од почетокот и од втората половина на Ⅶ в. Било преведено и на старословенски јазик и се евидентирани повеќе преписи во средновековните ракописи.
ИЗВ.: Ј. П. Мигне, Патрологиае цурсус цомпле
тус, Сериес Граеца, Т.1-166, 1204-1384. ЛИТ.: И. Ставракиос, Спеецх цонцернинг тхе мирацлес оф Ст. Деметриус, „Македоника“, вол. 1, Тхессалоники, 1940; Ф. Баришиђ, Чуда Ди
митрија Солунског као историски извори, Београд, 1953; Историја на македонскиот народ, И, Редактор Б. Панов, Скопје, 2000; И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005. И. Вел.

Вангел Чукалевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *