ШУМА

ШУМА – растителна формација, која на земјата формира шумска покривка во појас што приближно се протега од 500 јужна до 700 северна географска ширина и во кој шумата се појавува во различни форми и големини. Постојат повеќе дефиниции за шумата од економски, од правно-законодавен и од биолошки аспект. С“ повеќе се прифаќа биолошката дефиниција, според која шумата претставува заедница (ценоза) на организми, на која, за разлика од другите растителни формации (ливади, пасишта, степи), дрвјата $ даваат основен белег (едификатори). Со оглед на нивната долговечност и бројните општокорисни функции што ги остваруваат, тие најмногу влијаат на развојот на живата и неживата природа. Во шумата, над, на и во почвата живеат членови на флората (фитоценоза) и на фауната (зооценоза), кои заедно формираат заедница на сите живи организми (биоценоза). Во неа секој нејзин член не живее засебно, туку секој зависи од заедницата, а воедно и влијае врз неа. Биоценозата, заедно со околната атмосфера и педосфера, формираат биогеоценоза (Сукачев) или екосистем (Танслеѕ). Тесната поврзаност на човековото општество со шумата во сите негови развојни фази произлегува од разновидната полезност што ја има за човекот. Од таа поврзаност произлегле различните аспекти од кои науката ја проучувала шумата. Според историскиот редослед, првиот аспект бил утилитарен (дрвото како потреба), вториот економски (остварување профит), третиот биолошки, кој ја проучува шумата како сложен екосистем, многу значаен за опстанокот на биодиверзитетот и на целата биосфера. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *