ЃОШЕВСКИ, Мирко Страшков

ЃОШЕВСКИ, Мирко Страшков (с. Студена Бара, Кумановско, 15. Ⅷ 1948) – универзитетски професор, филозоф. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1973). Магистрирал на Филозофскиот факултет во БелАнѓелко Ѓорчев Мирко Ѓошевски град (1987), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1994). Целиот работен век го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што е редовен професор (од 2005). Бил раководител на Советот на постдипломски студии на Институтот за филозофија, секретар на Филозофското друштво на Македонија, член на Редакцијата на „Филозофија”. Објавил педесетина статии, студии и критички осврти од областа на својот потесен филозофски интерес и професионален ангажман: теорија на познанието, епистемологија и онтологија. Неговиот филозофски опус е критичка синтеза на принципите на марксистичката филозофија, достигнувањата на модерната наука и дострелите на современата епистемолошка мисла. БИБ.: Статусот на човекот во филозофијата на битието на 20-тиот век, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет”, Скопје, 1997, 11-19; Научното откритие и логиката, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет”, Скопје, 1999, 7-14; Логика и егзистенција, 2002; Феноменолошкиот метод, „Филозофија”, 9, 2004, 11-24; Основните значења на поимот вистина, „Филозофија”, 10, 2004, 5-10 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 237.В. Панз. Богомил Ѓузел

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *