ЈАВОР

ЈАВОР . (Ацер Л., фам. Ацерацеае) – род застапен со 150 вида во Северната хемисфера. Листопадни дрвја или грмушки чии листови се прости, лаповити или непарно перести, спротивно поставени. Плодот е двојно крилесто оревче. Во РМ природно се застапени следниве видови: а) горски јавор (А. псеудоплатанус Л.) – високо дрво (до 40 м) со ареал во средна и јужна Европа. Листовите се големи, петлаповити на долга дршка. Плодовите се собрани во провиснати гроздовидни соплодија. Аголот меѓу крилцата од плодовите е остар. Мезофилен вид, застапен во буковиот регион; б) жестил (жестика) (А. татарицум Л.) – грмушка или мало дрво од Источна Европа и од Западна Азија. Листовите се цели, јајцевидни, двојно назабени, на кратка дршка. Соплодијата се исправени метлички на долга дршка. Крилцата се под остар агол или се паралелни. Застапен како примеса во дабовиот регион; в) клен (А. цампестре Л.) – дрво од средна големина распространето низ Европа, југозападна Азија и во северна Африка. Листовите се петлаповити, на долга дршка. Плодовите се во провиснати, штитести соцветија. Крилцата се под агол 0 од 180 . Единично застапен во рамнините и по ридовите. Со ова име се нарекува уште еден јавор (А. интермедиум Панч. Сѕн. А. хѕрцанум Фисцх.) со ареал во Југоисточна Европа, а кај нас доста редок во дабовиот регион. Листовите се со 3-5 лапи со остри врвови. Плодовите се собрани во провиснати снопчиња, а крилцата се речиси паралелни; г) кленика (маклен) (А. монспессуланум Л.) – грмушка или мало дрво од Медитеранот и субмедитеранот на Европа, Азија и Африка. Листовите се со три лапи, ситни, кожести, на долга дршка. Соплодијата се штитести, провиснати, а крилцата од плодовите се паралелни или се преклопуваат. Застапен е во заедниците на црниот и белиот на габер или во нивните деградациски форми; Јавор млеч д) млеч (А. платаноидес Л.) – големо дрво со европски ареал. Листовите се големи, мазни, со 5-7 лапи, ретко и остро назабени на долги дршки, содржат бел сок (млеч). Соплодијата се штитести, крилцата распоредени под агол од ° 180 . Мезофилен вид, застапен е единично или групно во дабовиот и во буковиот регион; ѓ) планински јавор (А. хелдреицхии Орпх ин Боисс.) – големо дрво, ендемит од Балканскиот Полуостров. Листовите се 3–5, лаповити, длабоко засечени речиси до основата. Соплодијата се метлички, а крилцата се поставени под остар агол. Застапен во сите високи планини од 1.400 до 2.000 м н.в.; е) црвен јавор (А. обтусатум Кит.) – субендемит од југозападните делови на Балканот и од јужните делови на Апенинскиот Полуостров. Листовите се крупни, со 5 заоблени и плитко врежани лапи, одоздола густо влакнести, напролет и наесен се со црвеникава боја. Соплодијата се штитовидни, а крилцата поставени под остар агол. Застапен во планините на Западна Македонија. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *