ЈАКИМОВСКА, Цветанка

ЈАКИМОВСКА, Цветанка (Перник, Бугарија, 10. IX 1927 – Скопје, 14. Ⅳ 1990) – актерка во Драмата на МНТ (1945–1983), каде што и се пензионирала. Играла во пиеси на Младинско-детскиот театар во Скопје, на радиото, ТВ и во филм. Значаен дел од својата кариера му посветила на говорењето поезија („Блажена гора зелена”), гостувајќи во САД, Канада, Австралија. Улоги: Грушенска („шума”); Селска учителка, Антица во истоимените дела; Донка („Бегалка”); Поља („Бања”); „Многу врева за ништо”; Нана („Габи”); Сестра Магдалена – Глорија („Глорија”); Мартирија („Домот на Бернарда Алба”); Нина Михаилова Заречна („Галеб”); Стојна („Гоце”). Р. Ст. Љубомир Јакимовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *