ЈАШМАК, Коста

ЈАШМАК, Коста (Битола, 29. Ⅹ 1912) – истакнат воен командант од НОАВМ, потполковник на ЈНА. Завршил воена академија. Во времето на Априлската војна (1941) бил капетан Ⅱ класа на ВЈ. Како член на КПМ и учесник во НОАВМ (од април 1944), првин бил началник на штабот, а потоа командант на Третата македонска НОУБ (од 6. Ⅷ 1944), делегат на Првото заседание на АСНОМ, а како унапреден мајор (1. Ⅻ 1944) и командант на Четириесет и втората (кумановска) ударна дивизија и началник на штабот на ⅩⅤ (македонски) корпус на НОВЈ. По Ослободувањето бил помошник на командантот на воена школа, наставник на ВВА на ЈНА и др. Рано му престанала активната служба во ЈНА (1959), бил пензиониран. ИЗВ.: Билтен на Вш на НОВ и ПОЈ, ИВ, 46–47, ноември-декември 1944; Извори за Ослободителната војна и Револуција во Македонија 1941–1945, том И, книга трета, Скопје, ноември 1970, 388 и 406. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *