МАВРОВСКО-ГОСТИВАРСКИ НОПО „КОРАБ“

МАВРОВСКО-ГОСТИВАРСКИ НОПО „КОРАБ“ (реонот на с. Маврово, 30. Ⅸ 1942 – 21. Ⅴ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од припадници на НОД од Мавровско и Гостиварско. Извршил акции во близина на с. Трница и на превојот Буковиќ (1942). Во зимата се повлекол на зимување и во пролетта пак излегол на теренот (14. Ⅲ 1943) со напад на италијанските воени сили кај Ново Село, а потоа влегол во составот на Мавровско-кичевскиот НОПО. Подоцна неговите борци од Мавровско и Гостиварско се издвоиле и го формирале првиот Мавровски НОПО (јули 1943), кој дејствувал самостојно на подрачјето на Првата ОЗ, до влегувањето во составот на Кичевскиот баталјон (23. Ⅸ 1943).
ЛИТ.: Гостивар и Гостиварско во НОБ 1941–1944, Гостивар, 1974. Вл. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *