МАВРОДИЕВ, Ѓорѓи

МАВРОДИЕВ, Ѓорѓи (с. Крупник, Благоевградско, Бугарија, 1. Ⅱ 1928) – физичар, ред. проф. (1971) на ПМФ. Дипломирал (1950) на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата физика. Докторирал (1960) на ПМФ со тема за исправувачките својства на Бунзеновиот пламен. Специјализирал во Љубљана и во Единбург. Предавал механика, термодинамика и електромагнетизам на студиите по физика, а општа физика на други факултети. Објавувал трудови за електричната спроводливост на гасовите и плазмата, за фазните дијаграми на тврдите тела и легурите проучувани преку нивната дилатација, за тенки филмови и примена на сончевата енергија. Тој е коавтор на повеќе средношколски учебници. Бил декан на ПМФ (1975–76) и претседател на ДМФМ (1963–64).
ЛИТ.: Природно-математички факултет – Скопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 163; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, стр. 172.
В. Ур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *