МАКЕДОНИСТИКА

МАКЕДОНИСТИКА – славистичка научна дисциплина што го проучува и го афирмира македонскиот културно-национален ентитет – јазикот, литературата, културата, историјата, фолклорот, уметноста, религијата со црквата, етнографијата и битот на македонскиот народ. Таа како наука се пројавува во ⅩⅠⅩ и особено се афирмира од почетокот на ХХ в., а слободно и во меѓународни релации сестрано се развива по создавањето на современата македонска држава (1944). Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *