МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СТУДЕНТСКА ГРУПА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СТУДЕНТСКА ГРУПА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (1919–1934) – асоцијација на студентите формирана во Софија како Македонска студент-ска група „Гоце Делчев“ (1919), но во времето на политичките убиства на Македонците во Бугарија (1923), кога е ликвидиран и нејзиниот претседател Таралјамов, Групата привремено ја прекинува дејноста. Кога тие убиства го стигнуваат врвот, „независните студенти на Софискиот државен универзитет“ ја објавуваат брошурата „Не можеме веќе да молчиме!“ (1929) и свикуваат младински конгрес, но и тој е забранет. Во следната година прогресивните студенти Македонци во Бугарија ја обновуваат старата студентска асоцијација под името Македонска народна студентска група „Гоце Делчев“ (1930) како легален клон на ВМРО(Об) со идејна платформа врз принципите на Мајскиот манифест (6. Ⅴ 1924).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *