МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ

МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ –
развојна банка во државна сопственост, формирана со цел да го поддржи развојот на малите и средните претпријатија и да обезбеди финансиска поддршка на извозот. Таа е основана во 1998 г.

Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје
како акционерско друштво, врз основа на посебен закон, а нејзиниот основачки капитал изнесуваше 15 милиони евра. Работењето на банката е засновано на неколку принципи: почитување на пазарните принципи, независност во одлучувањето, комплементарност наместо конкуренција на комерцијалните банки и нефинансирање на државни органи и претпријатија во државна сопственост. Банката ги извршува следниве активности: финансирање на развојот на мали и средни претпријатија (преку кредитни линии, претежно од странски извори), финансирање на извозот, издавање гаранции за извозни зделки и осигурување и реосигурување на извозот. Банката не прима депозити од населението и од правни лица, не врши платен промет и не тргува со хартии од вредност. Ис-то така, банката не ги кредитира претпријатијата директно туку своите активности ги извршува преку избрани комерцијални банки, т.н. „банки-учеснички“. Банката работи според истите законски прописи што важат за комерцијалните банки и подлежи на супервизија од страна на НБРМ.
ЛИТ.: Љупчо Трпески, Пари и банкарство, Ецономѕ Пресс, Скопје, 2003, 551-554. Г. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *