МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА

МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА (1802–1944) – процес на македонското културно-национално будење и државно-политичко осамостојување што започнува со борбата за употреба на народниот наместо црковнословенскиот јазик во пишаната реч и за индивидуализирање на македонскиот културно-историски идентитет во словенскиот и балканскиот свет, за изградба на македонскиот како посебен литературен јазик и за обновување на Охридската архиепископија како национална црква во македонска автономна, независна, федеративна или конфедеративна држава (во јужнословенски или во балкански рамки). Преродбата во Македонија условно започнува со печатењето на првиот текст на современиот македонски говорен јазик (Четиријазичникот на Даниил Москополски, 1802) и трае сè до конституирањето на современата македонска држава на Првото заседание на АСНОМ (1944). → Македонија. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *