„МАКЕДОНСКА РЕВОЛŒЦИŒ“

„МАКЕДОНСКА РЕВОЛŒЦИŒ“ (Софија, И, 1 декември 1934
– 4 јуни 1935) – нелегален орган на Обласниот комитет на ВМРО(Обединета) во Македонија под бугарска власт. Антифашистички весник на бугарски јазик, под редакција на В. Ивановски, А. Чаракчиев и др., печатен во нелегалната печатница „Симеон Кавракиров“. Во програмскиот уводник „Нашата задача“ меѓу другото се декларира дека весникот „високо ќе го дигне знамето на македонската револуција за извојување право на самоопределување на Македонија до нејзино одделување во самостојна политичка и државна единица, за слободна и независна Македонија на македонскиот народ, а против бугарскиот и балканскиот империјализам. Против врховизмот и сите предавници на големото македонско дело, за моќен, единствен, револуционерен фронт со бугарските и балканските работници, селани и национално потиснати народи. За македонска народно-револуционерна република. …Ние не сме ни вистински Срби, ни чисти Бугари, ниту пак словеногласни Елини, ние сме самостојна македонска нација.“ Истовремено излегуваат и нелегалните младински органи на ВМРО(Об) во Бугарија: „Обединист“ (1935), „Ножот“ (1935) и
„Македонско единство“ (1936).
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 367–370; Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација,
Ⅱ, Скопје, 1983, 507–508; истиот, Столе
тија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001, 562–571. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *