МАКЕДОНСКА ФЕДЕРАТИВНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА ФЕДЕРАТИВНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (1922) – илегална македонска емигрантска организација во Бугарија. Основана од некогашни војводи на ВМРО и блиски соработници на Т. Александров: С. Мишев, С. Иванов, Г. Циклев, Т. Паница и К. Зографов. Формирале ЦК и Задгранично претставништво. Кон крајот на 1922 г. раководството на МФРО било разбиено од ВМРО: дел биле убиени, Т. Паница и С. Иванов избегале во Виена и се приклучиле кон ВМРО(Об), а војводите С. Мишев, Г. Циклев и М. Соколарски-Суџукаро во пролетта на 1923
г. преминале во Вардарскиот дел на Македонија и им се ставиле на располагање на државните власти во Кралството на СХС во борбата против четите на ВМРО.
ЛИТ.: Васил Ат. Василев, Правителството на БЗНС, ВМРО и бÍлгаро-Óгославските отношения, София, 1991; Златна книга. 100 години ВМРО, Скопје, 1993. З. Тод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *