МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА – единствена институција за симфониско музицирање во РМ. Како датум на нејзиното раѓање се смета 24. Ⅺ 1944 кога група музичари на чело со диригентот Тодор Скаловски, а по директива на тогашниот Агит-проп, одлучува да се основа симфониски оркестар. Првобитно составен од триесетина музичари, со диригентите Т. Скаловски и Т. Прокопиев, во почетокот настапува на разни пригодни свечености, академии и слични манифестации, а првиот јавен симфониски концерт под диригентството на Т. Скаловски е одржан на 15. ⅩⅠⅠ 1945 г. Под разни имиња и со различни функции (Скопска филхармонија, Државен симфониски оркестар, Симфониски оркестар на Радио-Скопје, Оркестар на Операта на МНТ), конечно во 1960 г. станува самостојна републичка установа под името Македонска филхармонија. Повеќе од шест децении таа е успешен репрезент и незаменлив фактор за афирмација на музичката уметност во РМ и надвор од нејзините грани
ци. Со домашни и странски врвни диригенти и солисти, Македонската филхармонија гостувала во повеќе земји на Европа и во Средна и Латинска Америка. На нејзиниот репертоар се огромен број симфониски, вокално-инструментални и камерни дела од класичното, современото и од домашното творештво. Во склоп на Македонската филхармонија повремено работи и камерен оркестар.
ЛИТ.: Татјана Грковска, 50 години Македонска филхармонија Македонска филхармонија, 1995, Скопје. Ф. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *